Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е единствената развојна банка во Република Северна Македонија основана со посебен Закон за основање на Македонска банка за поддршка на развојот на 21. мај 1998 година (Сл. весник на РМ бр. 24/98, 6/2000, 109/2005 и 130/2008). Во 2009 година е донесен новиот Закон за МБПР (Сл. весник на РМ бр. 105/2009), со цел подобрување на нејзината позиција и специфична улога на развојна банка во банкарскиот сектор и во стопанството на РСМ. Заради истата цел, во април 2021 година, е донесен Закон за изменување и дополнување на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот (Сл. весник на РСМ бр. 77/2021).
РБСМ е акционерско друштво чиј основач и 100% процентен сопственик е Република Северна Македонија.
Да бидеме веродостоен партнер за финансиска поддршка на микро, малите и средни претпријатија во нашата држава.
Преку промоција и понуда на поволни финансиски производи за микро, малите и средни претпријатија да создадеме амбиент за подобрување на домашната конкурентност, поддршка на извозот и економски раст и развој.
1. Неконкурентност, недискриминација и транспарентност во работењето
2. Рентабилност и ефикасност
3. Економска оправданост на инвестициските проекти и инвестициите
4. Примена и унапредување на доброто корпоративно управување во Банката
1. Финансирање на развојот на македонското стопанство
2. Финансирање на инфраструктурата
3. Поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во РСМ
4. Поттикнување на извозот
5. Поттикнување на заштита на животната средина
6. Осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици
7. Поддршка на регионалниот развој
Микро, мали и средни трговски друштва и извозно ориентирани трговски друштва.
58 вработени на ден 31.12.2023 година.