Успешно завршен проект - ЕИБ 7 кредитната линија во износ од 100 милиони евра за поддршка на македонски компании
Развојната банка на 30.12.2025 година ја повлече десеттата и последна транша од ЕИБ 7 кредитната линија наменета за зелена транзиција. Вкупниот износ на оваа транша е 9.251.488 евра. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 17 македонски компании кои се со претежна производствена дејност. Со повлекување на оваа транша, Развојната банка успешно ја заврши реализацијата на седмата фаза на кредитната линија со средства од Европската инвестициска банка во износ од 100 милиони евра.
Со средства од кредитната линија ЕИБ 7 поддржани се 259 проекти на македонските компании. Кредитната линија ЕИБ 7 ја оствари целта за која беше креирана: зголемување на ликвидноста на стопанството, задржување на постојните и отворање на нови работни места, зголемување на извозот, обезбедување на економски раст и конкурентност на трајна основа, како и стимулирање на компаниите во инвестиции за зелена транзиција со цел долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на енергенси и зачувување, заштита или подобрување на животната средина.
Досега, преку Развојната банка се реализираа седум фази на кредитната линија ЕИБ во износ од 650.000.000 евра. Со средства од овие кредитни линии поддржани се 2.621 проекти на домашните компании и креирани 9.260 работни места.
Исплатени осмата и деветтата транша во износ од 14,2 милиони евра кон деловните банки од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите
Развојна банка ги исплати осмата и деветтата транша во износ од 14,2 милиони евра кон деловните банки за 45 одобрени проекти на домашните компании, од кредитнатата линија за инвестиции и развој. Средствата од оваа транша се наменети за проекти на 2 микро, 24 мали, 6 средни и 13 големи компании. За инвестиции во градежи и опрема наменети се 10,9 милиони евра, за инвестиции во обновливи извори на енергија 3,1 милиони евра, додека за инвестиции во транспортни средства 177 илјади евра.Од оваа транша најголем дел од средствата се наменети за 23 проекти на компаниите со претежна производствена дејност.
Со оваа транша, Развојна банка досега исплати вкупно 217,5 милиони евра кон деловните банки, од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 766 проекти на домашните компании.
Поддршка на одржливоста за бизнисите во Северна Македонија
Преку заедничка иницијатива со Владата, Развојна банка на Северна Македонија АД и локалните комерцијални банки, EIB Global поддржа 120 компании со финансирање на 150 зелени проекти - од соларни панели и енергетски ефикасни надградби до напредни технологии за рециклирање.
Дел од успешните приказни ги вклучуваат следните компании:
– Витаминка - македонска пехранбена компанија, инсталирање на соларни панели,
– Леарница ЛТХ - производител на автомобилски делови, зголемување на автоматизацијата за намалување на емисиите и зголемување на продуктивноста,
– Дема Стил - производител на играчки од Крива Паланка, намалување на потрошувачката на енергија,
– Отпад Охрид - компанија за отпад од Охрид, зголемување на капацитетот за рециклирање благодарение на нова машинерија,
– Киро Дандаро Печатница - модернизирање на процесите на печатење и пакување кон поефикасно, продуктивно и позелено производство,
– Бучен Козјак - производител на млечни производи од Куманово, модернизирање на производството,
– Хотел Памела - ширење на модерната понуда за гостопримство во Неготино,
– Дентал Крафт - стоматолошка ординација и лабораторија од Скопје добива софистицирана опрема за протетика.
Овие напори не само што ги намалуваат емисиите и ја поддржуваат Климатската Акција, туку и создаваат работни места и ја зајакнуваат локалната економија.
- кредити за поддршка на женско претприемништво
- кредити за зелени инвестиции
- кредити за дигитализација
- до 3,5% годишна каматна стапка
- преку банки учеснички

Развојна банка на Северна Македонија е развојна банка која е во 100%-на сопственост на Република Северна Македонија. Основана е во 1998 година со примарна цел поддршка на домашните микро, мали, средни и извозно ориентирани трговски друштва и зацврстување на конкурентноста на македонското стопанство. Банката ги поддржува домашните компании преку: директно кредитирање и кредитирање преку комерцијалните банки, краткорочно осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици, факторинг во земјата и во странство и издавање гаранции.