Оваа Политика за приватност, дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате веб - страницата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. 
Нашата веб-страница содржи линкови до веб - страници од други институции и, ако посетите некоја од другите веб - страници треба да ја прочитате нивната политика за приватност. 

Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. 
Банката ги обработува личните податоци во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци. 

Чии податоци собира банката
РБСМ може да собира податоци поврзани со следните категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страница www.mbdp.com.mk. Вообичаено, РБСМ собира податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирање на податоци од посетите на нашата веб-страница, како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб - страница.

 Информации кои ги собира банката при посета на веб - страницата

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страница, серверот, за секој посетител, креира логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса
  • Страниците кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страница.

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен ако околностите наложуваат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. 

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибира банката од вашата посета на веб-страницата се оние кои вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на работењето на банката, поднесување на предлози, коментари, сугестии, жалби и сл. и обезбедување на повратни информации.
Банката може да собира некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, е-маил. 

Споделување на информации
Банката не споделува податоци за вас и/или за вашата посета на веб - страницата на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако РБСМ ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на РБСМ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

Време на чување на собраните податоци
Податоците кои банката ги собира се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на банката.

Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Прифаќање на условите
Со користењето на веб-страницата се согласувате, односно ги прифаќате одредбите на оваа Политика за приватност.

Контакт
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје или вашите права, ве молиме контактирајте нè на:

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
ул. Димитрие Чуповски бр.26
dpo@mbdp.com.mk

 

 

ИЗЈАВА
ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
 

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории...) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да  да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзор се инсталираат и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат во службените/деловните простории на банката.
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: внатрешните влезни и излезни места на зградата и во ходниците во објектот. 

2. Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, директорот на секторот за правни и општи работи е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи оперма за видеонадзор за:
  • заштита на животот или здравјето на луѓето;
  • заштита на сопственоста;
  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, има видливо и јасно истекнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор ( на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците ( лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на е-пошта: info@mbdp.com.mk, или на адреса: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, Скопје.

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање на е-пошта:  info @mbdp.com.mk, или на адреса: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, Скопје. 

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на е-пошта info @mbdp.com.mk, или на адреса: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, Скопје, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
 
10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на е-пошта: info @mbdp.com.mk, или на адреса: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, Скопје, кога обработката е незаконска.
 
11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
 
12. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на на е-пошта: info @mbdp.com.mk, или на адреса: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, Скопје, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
 
13. Што можам да направам во случај на проблем?
  • Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта: info@mbdp.com.mk и да побарате да преземе акција.
  • Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@mbdp.com.mk.
  • Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. 
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
 
15. Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
 
16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.