Исплатена петтата транша во износ од 11,4 милиони евра кон деловните банки од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите
Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 33 проекти на мали компании. По структура на дејност и број на проекти, од оваа транша најмногу се поддржани проекти од производната дејнот (вкупно поддржани 20 проекти од областа на производството).
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 51% во градежи, 46% во опрема и 3% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 4 микро, 33 мали, 9 средни и 9 големи компании во државата.
Со оваа транша, Развојна банка досега исплати вкупно 171,2 милиони евра кон деловните банки, односно 68% од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 639 проекти на домашните компании.