Поддршка на одржливоста за бизнисите во Северна Македонија

02.09.2025

- Извор: European Investment Bank - Western Balkans -

 

Преку заедничка иницијатива со Владата, Развојна банка на Северна Македонија АД и локалните комерцијални банки, EIB Global поддржа 120 компании со финансирање на 150 зелени проекти - од соларни панели и енергетски ефикасни надградби до напредни технологии за рециклирање.

Дел од успешните приказни ги вклучуваат следните компании:
- Витаминка – македонска пехранбена компанија, инсталирање на соларни панели,
- Леарница ЛТХ – производител на автомобилски делови, зголемување на автоматизацијата за намалување на емисиите и зголемување на продуктивноста,
- Дема Стил – производител на играчки од Крива Паланка, намалување на потрошувачката на енергија,
- Отпад Oхрид – компанија за отпад од Охрид, зголемување на капацитетот за рециклирање благодарение на нова машинерија,
- Киро Дандаро Печатница - модернизирање на процесите на печатење и пакување кон поефикасно, продуктивно и позелено производство,
- Бучен Козјак – производител на млечни производи од Куманово, модернизирање на производството,
- Хотел Памела Сењор Труко – ширење на модерната понуда за гостопримство во Неготино,
- Дентал Крафт – стоматолошка ординација и лабораторија од Скопје добива софистицирана опрема за протетика.

Овие напори не само што ги намалуваат емисиите и ја поддржуваат Климатската Акција, туку и создаваат работни места и ја зајакнуваат локалната економија.