Цел на производот:

Со цел поголема поддршка на компаниите кои оствариле и ја реинвестирале добивката воведен е посебен производ ,,Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја реинвестирале добивката“.


Намена:

Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја реинвестирале добивката.


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија во износ од 120.000.000 денари.


Корисници:

Корисници на овој производ се трговски друштва кои согласно ЗТД се обврзници на аконтативен данок од добивка за 2021 година, кои редовно ги сервисираат обврските кон државата и кои донеле одлука да ја реинвестираат добивката за 2021 година



Услови на производот:


Максимален износ на трошок за камата кој може да биде субвенциониран кон еден кредитобарател:

1.200.000 денари 

Кој го поднесува барањето за субвенционирање:

Деловната банка која има склучено договор за кредит со компанија која ја има реинвестирано добивката за 2021 година и која има склучено договор со РБСМ за учество во реализацијата на овој производ. Деловната банка барањето го доставува до РБСМ.

Квалификувани кредитокорисници за кои деловната банка може да поднесе до РБСМ барање за субвенционирање на камата:
  • ТД кои согласно ЗТД се обврзници на аконтативен данок од добивка за 2021 година, кои редовно ги сервисираат обврските кон државата и кои донеле одлука да ја реинвестираат добивката за 2021 година. Субјектите потврдуваат дека ја реинвестирале добивката со акт-одлука за реинвестирање на добивката. 
  • Кредитот не смее да биде наменет за ТД во државна сосптвеност или ТД во кои Р.С. Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главница.
Квалификувани кредити по кои може да се поднесе барање за субвенционирање на камата:

Квалификувани кредити се сметаат следните:

  • Рокот на отплата на одобрениот кредит е до 12 месеци,
  • Годишната каматна стапка е до 4,0%,
  • Еднократните провизии се до 1,5% од износот на кредитот,
  • Кредитот е одобрен и исплатен во денари,
  • Минималниот износ на кредитот е 300.000 денари додека максималниот износ на истиот не надминува 30.000.000 денари,
  • Износот на кредитот не е поголем од 20% од остварената нето добивка која се реинвестирала во 2021 година,
  • Износот на кредитот не е поголем од износот на добивката која се реинвестирала во 2021 година,
  • Кредитот не е наменет за трговски друштва во државна сопственост или трговски друштва во кои Р.С.Македонија е сопственик или акционер со најмалку 51% од основната главница,
  • Кредитот не е финансиран од РБСМ,
  • Кредитот има точно утврдена динамика на отплата согласно амортизационен план.
  • Максималниот износ на трошокот за камата кој може да биде субвенциониран кон еден кредитобарател изнесува 1.200.000 денари.
Што се поднесува до РБСМ од страна на деловната банка која има склучено договор за кредит со компанија која ја има реинвестирано добивката за 2021 година и која има склучено договор за учество со РБСМ:
  • Барање-Сецификација за субвенционирање на камата,
  • Договор за пристапување на долг потпишан од банкатабарател,
  • Договор за кредит склучен помеѓу банката-барател и кредитокорисникот,
  • Амортизационен план за динамиката на обврските на кредитокорисникот,
  • Одлука од кредитикорисникот за реинвестирање на добивката,
  • Потврда од УЈП не постара од 31.01.2022 година дека кредитокорисникот редовно ги сервисира обврските кон државата,
  • Тековна состојба за кредитокорисникот не постара од 3 месеци,
  • Тековна состојба за вистински сопственик,
  • Биланс на состојба и биланс на успех за 2021 година за кредитокорисникот. 

Контакт со Секторот за кредитирање и гаранции:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

РБСМ досега има склучено договор за учество во реализацијата на овој производ со следните банки:

TTK БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3236-456
централа: 02/3236-400
ttk@ttk.com.mk
https://www.ttk.com.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk