Цел на кредитната линија:

Средствата од кредитите се одобруваат со цел поддршка на женското претприемништво.


Намена на кредитната линија:

Подобрување на пристапот до финансии на домашните компании во сопственост и/или управувани/раководени од жени (преку банки учеснички). До 30% од износот на кредитот може да бидат за обртни средства.


Извори на средствата:

Француска развојна агенција (АФД) во износ од 50 милиони евра.


Квалификувани кредитобаратели:

Потенцијални корисници можат да бидат домашни претпријатија кои имаат:
 

  1. не повеќе од 250 постојано вработени лица, и
  2. или годишен обрт не поголем од 50 милиони евра или
    годишен биланс на состојба што не надминува 43 милиони евра.


Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

 Проекти за поддршка на женско претприемништво:

  • минимум 5.000 евра
  • максимум до 350.000 евра

* до 30% од износот на кредитот може да бидат за обртни средства.

Рок на отплата:

 Максимум до 15 години.

Вклучен грејс период:

До 3 години

Каматна стапка за крајните корисници:

 До 3,5% годишна, фиксна.

Задолжителни критериуми за крајните корисници

1. Претприемништво

  • Жени во сопственичка структура - минимум 51%

и/или

2. Менаџмент

  • Жени во менаџмент на друштвото - минимум 30%, или
  • Жени во Управен одбор на друштвото - минимум 30%
Забрани и исклучувања:

 Согласно листите на РБСМ, ЕУ, САД и Франција.

Задолжителна документација:

  • Согласно кредитните политики и процедури на банките учеснички.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk